ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ наместо соживот, со насилничкото носење на законот за двојазичност предизвикува поделби

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека насилничкото носење на неуставниот, неприменлив и штетен закон за двојазичност носи ризик по државата и може да предизвика дополнителни тензии.

ВМРО ДПМНЕ апелираше за опасноста и чувствителноста на моментот. Нашите апели за жал беа игнорирани од владејачкото мнозинство, кое одлучи да оди спротивно на препораките на Претседателот на државата и експертската јавност.

СДСМ одлучи да се коцка само заради зачувување на поддршката на нивната влада. СДСМ наместо соживот, со насилничкото носење на законот за двојазичност предизвикува поделби. СДСМ ги погази Уставот и законите и ги стави во сенка на коалицискиот договор со ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ ги демантира обвинувањата од претставници на СДСМ дека е организатор на протестите пред домовите на пратениците од СДСМ. Со ваквите конструкции СДСМ повторно се обидува да направи дефокус од антидржавните политики кои ги реализираат.

ВМРО-ДПМНЕ не оправдува било какво насилство, без разлика што ваквата пракса на насилство ја наметна токму СДСМ, кои лично и преку таканаречената шарена револуција оштетуваа државен имот низ центарот на Скопје, протестираа пред домови на политичари и вербално ги напаѓаа на јавни места“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски