ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ манипулира за приходите на Шилегов

Од:

Анкетниот лист на Шилегов ги открива тајните извори на финансирање на име на закупнина од имот кој никаде не фигурира. И СДСМ и Петре Шилегов се фатени на дело и затоа наместо да одговорат, лажат, наведува ВМРО-ДПМНЕ во пишаната реакција на соопштението од СДСМ.

– Ако се имотот и приходите на Петре Шилегов чисти, тогаш нека објасни од кој имот тој добива 700 евра закупнина? Ако не се работи за нелегални пари, нека објасни кој имот го поседува неговата сопруга, кога во Агенцијата за катастар на недвижнини нема таков? Тоа што Петре Шилегов молчи и не кажува ни збор за овој скандал во кој длабоко е вмашан, потврдува дека се работи за сомнителни извори на финансирање. Ова е факт што ниту една манипулација на СДСМ нема да го смени, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус