ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ќе ги остави граѓаните пет години повеќе без современ клинички центар

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешната прес-конференција на министерот за здравство, Венко Филипче.

„Министерот за здравство, Венко Филипче денес бесрамно кажа дека ќе потроши, 300 милиони евра повеќе отколку предвиденото со договорот за изградба на клиничкиот центар на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев и Венко Филипче расипнички се однесуваат со парите на граѓаните.

Заев и Филипче мора да одговорат која е потребата да се потрошат 300 милиони евра повеќе од потребното.

Власта треба да одговори зошто е потребно граѓаните на Република Македонија да платат оштета за раскинување на веќе готов договор за градба на клинички кој е поефективен и побрз.

Ова е уште еден доказ дека власта не работи во полза на граѓаните. Наместо неосновано трошење на повеќе од 300 милиони евра власта може со тие пари да изгради уште три клиники низ државата и истите целосно да ги опреми.

Филипче најави дека изградбата на клинички ќе се одвивала околу седум години, пет години повеќе отколку планираната изградба на клиничкиот центар според проектот на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ ќе ги остави граѓаните пет години години повеќе без современ клинички центар. Власта нема ниту еден разумен аргумент за трошењето на 420 милиони евра во услови кога истиот може да се изгради за околу 120 милиони евра“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал