ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја злоупотребува полицијата и испраќа неосновани кривични пријави за актуелни градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„СДС и Зоран Заев уплашени од убедливиот лош рејтинг помеѓу граѓаните во пресрет на локалните избори, почнаа да ја злоупотребуваат и ангажираат полицијата во пресметка со нивните политички неистомисленици.

СДС за да ја прикријат својата неспособност и лошата кадровска понуда, почнаа да пуштаат неосновани и правно неаргументирани и неиздржани кривични пријави на актуелните градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, мислејќи дека тоа ќе го ублажи нивниот дебакл на локалните избори.

СДС реши преку Оливер Спасовски грубо да ја злоупотреби МВР и оваа институција да ја направи алатка за изборни потреби.

За ваквата груба злоупотреба на МВР, некој ќе треба да одговара и мора да одговара.

СДС заслепени од моќта која им ја дава власта која моментално ја имаат, сакаат преку Оливер Спасовски од МВР да направат институционален монструм со кој ќе се пресметуваат и ќе ги заплашуваат политичките неистомисленици.

Ова е директно мешање на партијата и државата, и директно и експлицитно злоупотребување на полицијата во партиски цели на СДС.

Сите оние од СДС коишто ќе учествуваат во злоупотреба на функцијата, по враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија ќе одговараат.

СДС токму поради ваквите груби злоупотреби на институциите и киднапирање на правната држава, ќе биде целосно делигитимиран од граѓаните на локалните избори на 15-ти октомври“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче