ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја лажеше јавноста дека нема да го менуваат уставното име

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на соопштението на СДСМ.

„Лажењето и манипулациите се препознатливи за СДСМ и нивниот лидер Зоран Заев. Нема една реченица која СДСМ ќе ја каже, а која не е класична лага.

Впрочем тие ја лажеа јавноста дека нема да го менуваат уставното име, па видовме дека излажаа.

Тие ветуваа дека ерга омнес ќе важи само за предлогот „Илинденска Македонија“, па видовме дека излажаа.

Ветуваа дека со договорот е заштитен идентитетот, а гледаме дека секој ден од Грција, вклучително и од Ципрас и од Коѕијас стасуваат изјави со кои тврдат дека со договорот не се признава македонска нација и македонски народ.

Договорот е штетен, капитулантски и задира во идентитетот и тоа го знаат и членовите на СДСМ. Затоа беше и фијаското со наводната прослава која ја бојкотираа и нивните членови кои што си ја сакаат својата земја. Оттука е нервозата на СДСМ која ја манифестираат со постојано кршење на демократијата, принципите, законите и Уставот.

Врхушката на криминалниот картел се одлепи од реалноста. Тие се ставија наспроти народот. Но народот ќе победи, Македонија ќе победи и тоа на сите им е јасно“ се вели во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски