А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ едно зборуваат пред избори, а друго прават кога се на власт

by А1он21/08/2017 - 09:0321/08/2017 - 12:05149
Share0

„Министерот за задолжување Драган Тевдовски за нешто повеќе од 2 месеци ја задолжи Република Македонија и граѓаните за стотици милиони евра. Пари од девизните резерви и парите од аукциите по основ на издадени хартии од вредност, исчезнаа. Никој не знае каде! Волшебно. Сега ги има, после ги нема.

Добивај вести на вибер

Постојано се распишуваат нови аукции за државни хартии од вредност, а граѓаните не гледаат никаков бенефит од се поголемото задолжување. Волшебниците на СДС успеваат само да направат парите да исчезнат.

Министерот за задолжување Тевдовски досега има издадено државни хартии во вредност од 145 милиони евра. Згора на тоа, според податоците што ги објавува НБРМ, девизните резерви на Република Македонија споредено 31 јули и 31 мај се намалени од салдо 366,3 милиони евра на 189,3 милиони евра. Цели 177 милиони евра недостасуваат за нецели 2 месеци.

Граѓаните на Република Македонија не сакаат нивните пари да завршуваат во џебовите на криминалците од СДС и нивните добро платени советници од Сорос и платеничката шарена револуција.

Јавноста гледа дека овие пари не одат за покачување на платите и пензиите или нови проекти туку се трошат за луксузирањата на СДС, и покривање на партиските вработувања во институциите и забрзаната партизација на државниот апарат.

Неспособната влада на СДС ствара само хаос и неизвесност. Едно зборуваат пред избори, а друго прават кога се на власт. Затоа одговорност мора да има и ќе има. СДС на 15-ти октомври ќе се соочи со политичка одговорност“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:19

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 12:4822/02/2026 - 13:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен