ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ додека беше на власт не им помогна на семејствата со дивоградби

Од:

Додека СДСМ беше на власт, 360.000 семејства живееја во домови без регулиран статус т.н. дивоградби, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на изјава на кандидатот за градоначалник на СДСМ за Карпош Андреј Петров.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ништо не направила за да им помогне на овие граѓани.

– ВМРО-ДПМНЕ предложи и усвои Закон за легализација, со кој на стотици илјади семејства им беше овозможено легализирање на нивните домови.  ВМРО-ДПМНЕ не излажа, го вети проектот за легализација и упорно го спроведува на целата територија на Република Македонија, стои во реакцијата.

Во неа се додава дека СДСМ во овие 20 години дал илјадници ветувања, но ниту едно не го реализира.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија