ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да престане да ја затксрива неспособноста со јалови напади кон ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на соопштението на СДСМ во врска со видео-обраќањето на Христијан Мицкоски.

„Однесувањето на СДСМ како да се паднати од Марс е смешно. Тие 9 месеци управуваат со државата и имаат апсолутна власт.

Денес сме февруари 2018та година, 9 месеци откако СДСМ формира влада и апсолутната власт носи и апсолутна одговорност, при што криминалната влада на СДСМ треба да одговори на следното:

1. Зошто за 9 месеци не реализираа барем еден чекор за сузбивање на корупцијата?
2. Зошто нема никаква одговорност за 2-цата членови на владата на СДСМ за кои нивниот шеф Заев соопшти дека се води постапка за корупција?
3. Како го коментираат податокот што Македонија е прогласена за најкорумпирана земја во Европа?

Неспособноста на криминалната влада на СДСМ да престане да ги затскрива со јалови напади кон ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал