ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ 15 години не направи ништо за Богданци

Од:

СДСМ цели 15 години додека беше на власт не направи ништо за Богданци, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на Ана Павловска Данева.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ покрај поддршката на земјоделието, изгради, го прошири и асфалтира локалниот пат Богданци-Стојаково, изградена е училишна спортска сала во „Богданци“, изграден е рекреативен туристички комплекс на браната Паљурци, изградена е спортска сала со капацитет од 500 седишта во населено место Стојаково“, се наведува во писмената реакција.

Во неа се додава дека СДСМ губи контакт со реалноста. – Функционерите на СДСМ веќе втор ден се сликаат пред камерите заедно со своето членство, а уште не дадоа одговор зошто граѓаните во Богданци градоначалниците на СДСМ единствено ги паметат по криминал.

Во реакцијата во однос на критиките упатени за земјоделските субвенции од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат СДСМ да одговори зошто 15 одини додека беа на власт не даваа субвенции на луѓето и дали денешната изјава на Данева значи дека планираат да се вратат на тоа.

„Бранко Црвенковски ништо добро не направи за Општина Богданци. Тоа го знаат жителите на оваа општина и затоа не му веруваат. Зборот на Црвенковски и СДСМ не тежи ништо“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис