ВМРО-ДПМНЕ: СДС врши притисок врз медиумите

Од:

Анти-реформската влада на СДС започна да се пресметува со медиумите кои Заев ги прогласи за најголеми непријатели.

Тиранијата и притисокот врз медиумите е еден од првите чекори на анти-реформската влада на Зоран Заев. Заев и СДС со притисокот кон медуимите сакаат да ги понижат и да ги натераат да станат нивни вазали.

Медиумите кои искажале некаква критика кон Заев, СДС и нивните експоненти во минатото сега се приморани јавно да им се извинуваат. Ова е јасен почеток на еден недемократски режим и диктатура врз сите неистомисленици на Заев и СДС.

СДС со својот тирански однос и притисоци ги прави медиумите да наликуваат на оние во Северна Кореја. Само таму ако кажале нешто што не е по волја на лидерот и неговата тајфа, медиумите мораат нападно, неочекувано и присилено среде емисии да им се извинуваат јавно.

Ова не е слобода на медиумите. Ова е тиранија врз медиумите. Заев ветуваше дека ќе поттикнува критички медиуми, но на првиот ден од неговиот избор докажа дека едно зборува, а друго прави.

Очигледно е дека Заев решил овие медиуми да ги понижи и да ги фрли на колена.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува медиумите да не потклекнуваат на притисоците и да продолжат професионално и чесно да си ја вршат својата работа.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ