ВМРО-ДПМНЕ: СДС ветуваше живот, а граѓаните добија криминал, престрелки и убиства

Од:

„Секоја вечер инциденти, а секој поминат викенд по некој ранет или убиен.

СДС ветуваше живот, а граѓаните добија криминал, престрелки и убиства. Се надминува и периодот на матната и криминална транзиција во деведесеттите, а Скопје личи на дивиот запад. Криминалците остануваат неказнети и заштитени.

Вчера се случија нови престрелки и нови ранети и убиени и тоа во населено место среде градот Скопје. На ова му претходеше брутално убиство на младиот Мартин Јанушев чиј вистински убиец уште со сигурност не е утврден, а истрагата се води заштитнички спрема одредени кругови затоа што познато е дека се вмешани луѓе од власта.

Криминалот, насилствата и убиствата се шират како канцер во државата, бидејќи остануваат неказнети, а дел од полицијата на Спасовски е заштитник на сето ова. Тоа се шири по принципот на затруено дрво, бидејќи тие што со криминал доаѓаат на власт со криминал и владеат. СДС во својот план за живот ветуваа безбедни граѓани и професионална полиција добивме насилства, убиства, небезбедни градови и граѓани. Власта покажува неспособност во секое поле“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ