ВМРО-ДПМНЕ: СДС треба да се загрижени за прикривање докази и несоодветна истрага, негуваа монструм добија Франкенштајн

Од:

Прикривање докази е кривично дело, но и непостапувањето согласно процедурите исто така. И двете нешта треба да ги загрижат СДС. Токму тие се власт и токму нивни кадри ги раководат институциите кои ако не направеа пропусти, ако реагираа на време или ако не го штитеа и охрабруваа Палчо немаше да дојде до оваа трагедија, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Впрочем ако пред седум месеци беа санкционирани Палевски и истата негова група за нелегално копање артефакти во Демир Капија и поседување нелегално оружје, немаше да дојде до оваа трагедија со изгубени два невини животи. Но СДС одбра да со неказнивост и сеење на токсична атмосфера да им го чисти патот на радикални медиуми и контроверзни ликови како Палчо да бидат опозиција на опозицијата. Негуваа монструм добија Франкенштајн и тоа ќе им тежи на совест“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?