ВМРО-ДПМНЕ: СДС се нервозни бидејќи гледаат дека законот ќе се применува кон сите

Од:

Ја разбираме потребата на СДС на секој можен начин да ја дефокусира јавноста од своите криминали и неспособноста на МВР-СДС кое во “државен притвор“ остави 600 илјади граѓани. Исто така СДС сака јавноста да заборави и на скандалите како петардите на Дрин Ахмети, луксузните патувања на заменикот во МВР Назим Буши, пукањето со калашникови од страна на полициски функционери, исчезнувањето на оружје од депото на МВР во Охрид, инцидентот со “Пајакот“ и десетици други случаи кои власта на ДУИ и СДС ги забошотуваше целиот овој период, велат од МВРО-ДПМНЕ.

– Тука е и случајот со обезбедувачот на Зоран Заев кој претепа 10 деца во 2016–та пред дискотека во Струмица и истиот случај не бил заведен во билтенот, иако бил уредно пријавен. Нема повеќе полицаец да се удира во пајак, да се прогласува пајакот за крив или полицајци да се пушкараат во хотели на страна на криминалците. Одговорност мора да има за сите.

Патем да го прашаме Бојмацалиев, дали ја виде вчерашната снимка од претепувањето на човек во Струмица од страна на обезбедувањето на Заев, кое се случило пред два месеци. Дали Бојмацалиев и СДС се шокирани зошто МВР на Спасовски не презело ништо и истиот случај го заташкале. Токму во тоа е разликата. СДС ги забошотува и прикрива прекршувањата на законот, а ВМРО-ДПМНЕ реагира, ги осудува и бара целосно расветлување на случајот, бескомпромисно и неселективно применување на нормите кон сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕ се залага за владеење на правото кое ќе важи и за своите членови, но и за членовите на СДС, ДУИ и за сите останати граѓани. Тоа ги плаши СДС и ДУИ и затоа се толку нервозни – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми