ВМРО-ДПМНЕ: СДС продолжува да тоне во нивната безидејност и криминал

Од:

СДС антидржавна не најде за сходно да поздрави ниту една важна средба на премиерот Христијан Мицкоски во Соединетите Американски Држави. СДС антидржавна партија, продолжува да тоне во нивната безидејност и криминал. Поради нивната злоба не можат да го видат, а уште помалку да го поздрават различниот и позитивен пристап на премиерот Мицкоски во водењето и претставувањето на државата. Премиерот Мицкоски беше единствениот лидер од Балканот во посета на САД и кој учествуваше на инаугурацијата на претседателот Доналд Трамп, и тоа го искористи за да оствари бројни средби со влијателни политички претставници и успешни бизнисмени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Меѓу средбите кои ги оствари премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беа тие со претседателот на Републиканската партија на САД, Мајкл Батли како и со Ден Бонџино, еден од најблиските соработници на претседателот Трамп. Мицкоски оствари средби и со други влијателни личности како Ричард Гренел, Џеси Спиро, Девин Нунез, Такер Карлсон, Марко Галина, како и со македонската дијаспора и со нивни влијателни претставници како Крис Павловски, Џон Битов, Ендру Пејков и многу други.

Борбата за подобар живот, повисок стандард, поквалитетно образование, поконкурентна економија, како и борбата против корупцијата и криминалот, подобрувањето на инфраструктурата, подобрувањето на здравството беа дел од темите во фокусот на средбите во САД. Сите средбите кои што ги оствари Мицкоски, беа во функција на искористување на потенцијалот во економската соработка со цел инвестиции во Македонија, кои ќе создадат подобри услови за живот и посигурна иднина за сите.

На средбите во САД премиерот Мицкоски, исто така, зборуваше и лобираше за поддршка во борбата за заштита на македонските национални интереси и враќање на достоинството на македонскиот народ, во однос стратешкиот интерес за побрзо полноправно членство во Европската Унија. Ова е добар чекор за достоинствено претставување и позиционирање на Македонија во меѓународната политичка заедница. Со ова се покажува дека за разлика од времето на владеење на СДС антидржавна, кога на секое нивно излегување од државата ги распродаваше националните интереси, сега има некој кој секоја можност ја користи за нивна заштита и промовирање. И наместо да го поздрават овој пристап и важните средби во Америка, СДС антидржавна избра да тоне во безидејноста и сопствениот криминал“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

(ВИДЕО) Кузеска: Македонија е на дното по стандардот на живеење, власта не ни помислува на покачување на платите

А1он

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД