ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Пендаровски и Ковачевски бегаат од одговори за аферата со Еисин

Од:

СДС, Ковачевски и Пендаровски бегаат од одговори за скандалот со мешетарот Араф Еисин, како ѓавол од темјан. Пендаровски сакајќи да се извади од аферата, се заплетка и самиот, но и неговите политички партнери СДС и Ковачевски и фактички ги призна контактите и соработката со скапиот израелски советник, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Сега редно е да го објават договорот за неговиот ангажман. Постојат сериозни индиции дека ова лице е плаќано со пари на рака, црни пари кои претходно биле испумпани од матните тендери во РЕК Битола. Ако е ова точно, а никој од повиканите не го демантира, тогаш власта влегува од криминал во друг криминал. Имено црните пари се оние кои се нелегално стекнати и затоа уште еднаш се крши законот кога на рака се исплаќаат на некој кој ве советува во пресрет на кампањата да терате црна кампања, со етикетирања и поделби. Очекуваме дека надлежните институции ќе се одважат и ќе го мониторираат и проверат финансирањето на кампањата на Пендаровски и на СДС. Времето за промени доаѓа, а по него доаѓа времето на одговорноста – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ