ВМРО-ДПМНЕ: СДС на мала врата турка вработување на 1.117 лица во јавно здравство, поради блокирањето на бруталната партизација спремаат партиски протести пред МФ и заменичката Петрова

Од:

СДС на мала врата, незаконски и на сила сака да истурка заедно со ДУИ предизборно вработување на 1117 лица во јавното здравство. Заменик министерката за здравство, Маја Манолева после 6,5 години власт на нејзината партија и текна токму пред избори да вработува кадри во македонското здравство. Таа им ветуваше до Нова Година и не го реши статусот на овие луѓе, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Нејзината теза дека вработувањата се кочат поради неразумни причини од дополнителната заменик министерка за финансии Елена Петрова се невистинити и паушални.
Единствено што Петрова прави е почитување на законите и се чека мислењето на Државната комисија за спречување на корупција. И на малите деца им е јасно дека ова не е кадровско екипирање на здравството, туку брутално политизирање и партизирање на јавното здравство со 1117 партиски војници.

Меѓудругото дека се работи и за партиска хајка и политизирање од страна на СДС-ДУИ говорат и подготовките за протест на наводно засегнатите, во текот на утрешниот ден пред Министерството за финансии. Во текот на денешниот ден се прават силни притисоци луѓето да излезат на протест, а инспиратор и организатор на тоа е СДС и ДУИ. Ако имаше грам доблест СДС тогаш овој протест ќе беше пред министерството за здравство, каде Манолева од СДС, а воедно и заменичка министерка во министерството за здравство ќе објасни и одговори:

Зошто на седница на Влада заради партиски препукувања одбиена е точката за покачување на платата на медицинските сестри? Што презема Манолева по однос на одбивањето од дневен ред на точката за потпишување на Колективниот договор за вработените во Министерството за здравство, институцијата каде ја извршува функцијата заменик министерка?3.Што конкретно Манолева презема за решавање на статусот на здравствените работници, ангажирани со договор на дело и кои се институциите каде започнала трансформацијата на работниот однос? Зошто Манолева од позиција на директор на Заводот за физикална медицина ги укина обуките за вработените во оваа ЈЗУ и за која намена сега одат овие средства, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Стојаноски: Ние практично сме први кои што сакаат да се расчистат немилите случаи и трагедии

А1он

(ВИДЕО) Манасиевски: Дали Заев и Филипче потпишале отпис на 2000 тони жито, затоа што Љупчо Николовски имал грант во фиока за Мамас?

(ВИДЕО) Андоновска: Со одобрување на Заев, Филипче и Николовски се празнеле и препродавале стоковите резерви на црните пазари

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет