ВМРО-ДПМНЕ: СДС можат колку сакаат да испуштаат крици за спас на нивните кадри, но одговорност и професионализација на системот ќе има

Од:

СДС се симбол на лаги, манипулации и партизирање на државата и институциите на системот. СДС се симбол на злоупотреба на државните ресурси за партиски цели, а државните институциите, вклучувајќи ги и безбедносните структури, ги претвори во партиски штабови, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Фактите велат дека поранешниот директор на една од најклучните безбедносни институции Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски бил дел од сите високи партиски структури. Димовски беше член на Извршниот одбор и на Дипломатскиот совет на СДС, а истиот учествувал и на јавни партиски дебати. СДС можат колку сакаат да испуштаат последни крици за опстанок и за спас на нивните партиски послушници кои се огрешиле пред законот во периодот на нивно седумгодишно владеење, но професионализација целокупниот државен апарат ќе има. Токму тоа ги боли СДС, што конечно како во сите институции, така и во безбедносните, доаѓаат професионални, стручни и компетентни кадри. Изборот на Бојан Христовски за директор на АНБ е чекор кон враќање на професионализмот и интегритетот во безбедносните служби, кои ќе работат за заштита на државните интереси – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ