ВМРО-ДПМНЕ: СДС калкулира со локалните избори согласно партиски, а не државни интереси

Од:

„СДС во страв од соочување со граѓаните се обидува да го пролонгира рокот за одржување на локалните избори.

СДС треба да собере храброст и барем еднаш да ги стави државните интереси и приоритети над партиските.

СДС и парламентарното мнозинство мораат да овозможат непрекинато фунционирање на единиците на локалната самоуправа и во најбрз можен рок да изгласаат продолжување на мандатите на градоначалниците и советите на општините и градот Скопје, но и да се определи најбрз можен датум за одржување на локалните избори.

Одржувањето на локалните избори, нема никаква врска со формирањето влада. СДС не треба и не смее да бара изговори за одржување на локалните избори, кои се редовни и неопходни.

Пролонгирањето на локалните избори не е притисок врз Претседателот Иванов, туку само обид да се купи време за локалните избори да не се одржат на почетокот на јули, од страв дека истите катастрофално ќе ги изгубат како последица на антидржавното делување на Заев и целиот врв на СДС.

Пролонгирањето на локалните избори е и со цел да се создаде временски вакуум во за пазарење и можнии уцени врз ДУИ околу коалицисиот договор за влада, бидејќи ДУИ има 14 градоначалници, а СДС само 3.

СДС треба да знае додека тие калкулираат и делуваат согласно партиските, а не државните интереси, целото општество е во грч, а економијата може да почне да трпи загуби.

СДС треба да собере храброст и час поскоро да обезбеди датум за одржување на локалните избори, СДС треба да собере храброст за во рамки на локалните да се одржат и предвремените парламентарни избори, кои би биле по волја на граѓаните.

СДС не смее да ги игнорира граѓаните, кои постизборно ги изманипулира. СДС не смее свесно да го зголемува граѓанскиот револт. СДС не смее свесно да создава кризи. СДС мора да го слушне гласот на граѓаните.

Локални избори во најбрз можен рок, парламентарни избори заедно со локалните.

За доброто на граѓаните!

За доброто на Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски