ВМРО-ДПМНЕ: СДС има одговорност за поттикнување на атентатот врз Тодоров

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштението на СДСМ.

„СДС има одговорност за поттикнување на атентатот врз Никола Тодоров и таа дамка нема да може да ја испере со конфузни реакции полни со лаги.

СДС и владата на Зоран Заев нема што ново да им понудат на граѓаните, освен деструкција, омраза, страв и неизвесност, што се главни синоними за времето кога СДС владее во Република Македонија.

Владата предводена од СДС е составена од сомнителни ликови со дебели кривични досиеја и носи багаж од куп празни ветувања, лаги и манипулации.

Секогаш кога СДС ветува реформи, граѓаните знаат дека за СДС беше реформа: „200.000 луѓе без работа“, „на 15-ти септември“ , „бонбона бизнисот“ и „38% невработеност“.

Лагата и криминалот се единствени одлики на СДС. Така било во минатото, така е сега, така ќе биде и во иднина. Едноставно тоа е нивната ментална матрица.

Влада на чие чело е Зоран Заев, за кого синоним е „едно евро за Вицето“, единствено може да го реформира и софистицира сопствениот начин на рекетирање и барање мито.

Влада предводена од човек кој во својата општина не потпишувал документ за легализација без да земе за тоа мито, како што и самиот вели во снимката во разговорот со човекот од кого бара 200.000 евра мито, неможе да биде реформска, туку мафијашка.

Таканаречените реформи на СДС, како укинувањето на екстерното, се чисти популистички мерки, кои не соодвествуваат со реалните потреби на граѓаните, туку служат само за создавање на медиумски дефокус од сета антидржавна политика која во изминатиов период ја водат.

Налудничаво е Зоран Заев и СДС да им се закануваат на правосудните органи, мислејќи дека со притисок ќе се спасат себе си од кривичен прогон за големиот број кривични дела кои ги сториле.

Заев и СДС и сите соучесници во нивните криминали треба да знаат дека делата за кои се товарат не застаруваат бргу и за секое законско прекршување ќе одговараат, во тоа цврсто ги уверуваме и од тоа никој нема да ги спаси“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми