ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Ковачевски јавно да побараат оставка од Арсовска

Од:

Секој ден е се поочигледна криминаланата и тендерска коалиција на СДС и Данела Арсовска, коалицијата Тачела. Се надеваме дека денес СДС и Ковачевски ќе се надминат себе си и конечно јавно пред скопјани ќе побараат оставка од Данела Арсовска. СДС и Ковачевски на тајни средби наместо да договараат тендери со Арсовска преку нивниот директор во ЈСП за набавка на нафта, нека и ги одземат ингеренциите на Арсовска и нека им помогнат на приватните превозници во градскиот превоз во Скопје, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тендер кој не случајно го доби токму фирмата на пратеник од нивниот коалиционен партнер. Или пак доколку СДС сака да се реши проблемот со хаосот во Скопје и да се исплатат приватните превозници, на тајните средби нека побара од Арсовска да го поништи тендерот во ЈСП во кои не е предвиден попуст, или рабат, за да заштеди Арсовска преку нов договор од над 1.5 милиони евра, со кои ќе се исплати долгот кон превозниците.

Но, на СДС и Ковачевски не им се битни граѓаните, нив битни им се милионите евра и криминалот кој заедно го прават со Арсовска. Барем еднаш да ги остават настрана криминалот и провизиите, за скопјани да се спасат од хаосот од Тачела коалицијата и за тоа не бараат оставка од Данела Арсовска“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ