ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче ја уништија надежта, немаат кредибилитет да зборуваат за младите

Од:

СДС и Филипче ја уништија надежта на младите, немаат кредибилитет да зборуваат за младите. СДС и Филипче, им ветија на младите нов студентски град и нови студентски домови, а не добија ништо. СДС и Филипче, им ветија на младите дека ќе ги вратат заминатите од странство, а не успеаја. СДС и Филипче, ветуваа реформи во образованието, а не успеаја да обезбедат книги за учениците, добивме пад на Шангајската листа на УКИМ и единствен успех им беше укинување на екстерно, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС и Филипче, ветуваа стартап село, а не добивме ништо од ова. СДС и Филипче, ветуваа покачени стипендии, за на крај да не ни исплаќаат стипендии, а за најдобрите студенти и ги укинаа. СДС и Филипче, секојдневно ги лажат младите кои очигледно не им веруваат. Затоа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, се грижи за младите со новиот оперативен план вреден 40 милиони евра, се ставаат во план младите до 29 години, реконструкцијата на студентските домови до 2026 година – проект вреден 17 милиони евра, ваучери од 250 евра за секој студент за нов електронски уред, како и помош до 30000 евра за стартап за младите до 29 години, студентски оброк ќе добијат и постдипломците и студентите на интегрирани студии од државните и приватните универзитети, а зголемен е студентскиот стандард во споредба со 2024 година за 18%, додека пак ученичкиот за 12%. Ова е разликата помеѓу оние кои работат за младите и оние кои зборуваат напразно, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

Горан Наумовски

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал