ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ место да изгласаат продолжување на пасошите, организираат свечен пречек на граница, за обрасци за пасоши

Од:

Не дека не е познато на граѓаните, организирање на свечености со труби по тунели, еве сега имаме втор дел, свеченост за пристигање на обрасци за пасоши. Место пратениците на СДС и ДУИ, да се одважат и да им помогнат на граѓаните, со гласањето во Собранието, за продолжување на рокот на пасошите, тие се решија свечено да ги примат обрасците, на граничниот премин Богородица, со сите почести, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Додека граѓаните чекаат решение, кое може да се донесе веднаш во Собранието, со кое ќе се ослободат 600 илјади луѓе од отворен затвор, тие си играат мајтап со нив на граница. Оваа финална етапа на власта во паѓање, е права слика, за нивното цело владеење во овие 7 години. Место решенија, гола пропаганда и неспособност. Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме – изјавија од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?