ВМРО-ДПМНЕ: СДС да побара оставка од Арсовска ако имаат принципи

Од:

Одговорни за хаосот во Скопје се партнерите од коалицијата Тачела. Всушност оваа коалиција стои зад кадрите на СДС дополнети со ликови од ДУИ, ГРОМ и Левица кои ги водат јавните претпријатија кон пропаст, а со тоа и Градот кон колапс. Оваа коалиција не ја врзуваат ниту програма, ниту принципи, туку ја врзуваат бизнис интересите, тендерите и дебелите директорки плати. Ниту интересите на градот Скопје, ниту интересите на граѓаните не им се битни, само пусти пари и провизии, тврдат од најголемата опозициска партија.

„Впрочем, ако СДС навистина сметаат дека Данела Арсовска лошо го менаџира Градот Скопје зошто не побараат оставка од неа? Зошто ГРОМ, Левица и ДУИ молчат и полнат директорски џебови дури градот е во хаос?

Ги повикуваме СДС ако имаат храброст и принципи да побараат оставка од Арсовска? Во спротивно молкот е потврда дека Тачела коалицијата е голема колку и меракот за матни тендери, пари и провизии на нејзините сегменти“, се наведува во соопштението за јавноста од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?