ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го поддржи предлогот законот за продолжување на важноста на пасошите, народот не смее да биде заробен со месеци

Од:

СДС да го поддржи предлогот законот на ВМРО-ДПМНЕ за продолжување на важноста на пасошите, народот не смее да биде заробен со месеци. Над милион наши сограѓани немаат пасош, и тие се заробени и им е ограничено движењето, главен виновник за тоа е СДС, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

– Спасовски и Ковачевски знаеја дека ќе дојде до крах на системот и направија две клучни грешки: 2 и пол години издаваа пасоши чија важност знаеја дека ќе истече пред времето на кое се издадени заради договорот што го потпишаа и така директно оштетија стотина илјади граѓани. Пред формирање на техничка влада ја оставија државата без обрасци за пасоши, мислејќи дека ќе креираат тензија.

Заради СДС сега има неколку стотина илјади пасоши помалку издадени од тоа што можело да се издадат, со постоечките капацитети. Дополнително заради нив има и општ застој, затоа што имале доволно време да ги зголемат капацитетите. За народот нема друго решение, освен предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ и да се продолжи важноста на пасошите. Народот не смее да остаме заробен без можност слободно да се движи. Народот со право вели дека немаме држава и таа треба да се врати – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ