ВМРО-ДПМНЕ: Само СДСМ е против Законот за медиуми

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешното соопштение на СДСМ во врска со Законот за медиуми и законот за аудио-визуелни медиумски услуги.

„Во текот на вчерашниот ден тројца претставници на Меѓународната заедница потврдија дека на Република Македонија и се потребни вакви закони, со кои ќе се унапреди состојбата во сферата на медиумите. Дополнително би сакале да потенцираме дека Владата на Република Македонија низ процес на дијалог, воден со повеќе релевантни институции и организации, прифати огромен број на сугестии, предлози и забелешки со кои текстот на овие закони постигна високо ниво на консензус. Овие два закони во досегашната анализа беа предмет на анализа на повеќе меѓународни институции и заради својот квалитет добија позитивна оценка. Ова се должи на јавните расправи на кои присуствуваа претставници од различни организации и директно се подобруваше текстот на законите“ – велат оттаму.

ВМРО-ДПМНЕ изразува жалење, за тоа што, како што велат само СДСМ и една до две до нејзе блиски организации, се противат да се воведе европска регулатива во оваа област и притоа одбегнуваат да приложат било какви аргументи.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ