ВМРО-ДПМНЕ: Само СДСМ без ронка срам може да слави класичен пораз и капитулација на Македонија

Од:

„Само СДСМ без ронка срам може да слави класичен пораз и капитулација на Македонија. Само СДСМ без образ и достоинство може да го лаже народот дека Македонија ги отпочнува преговорите за членство во Европската Унија. Лагите на Зоран Заев не минуваат.

Вештачките, намонтирани насмевки не може да го оправдаат капитулантскиот, неуставен договор со кој што Заев го брише името Република Македонија и ги оспорува идентитетските одредници, јазикот и националноста.

Тешко на Македонија и на граѓаните, доколку за СДСМ е успех, последното место во Европа по корупција и падот од 17 позиции на листата меѓународната Транспарентност. Тешко на Македонија и на граѓаните доколку за СДСМ е успех тоа што Зоран Заев доби уште една амнестија за очигледен криминал и барање поткуп од 200 илјади евра.

Република Македонија вчера доби сериозно предупредување дека капитулантскиот договор не може да ги покрие криминалите на картелот во власта. Граѓаните очекуваат вистински реформи, а не капитуалции на секој чекор. Оваа антидржавна власт мора да си замине. Македонија ќе победи“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место