ВМРО-ДПМНЕ: Само политичари без чест и морал се луксузираат на сметка на сопствениот народ во време на криза

Од:

„Освен морска храна, Владата направила набавка на скапи пијалоци во екот на епидемија со корона. Додека граѓаните и стопанството едвај врзуваат крај со крај, за владата на СДСМ не постои криза.

Тие парите ги трошат за набавка на 2 тони сортно вино, 45 литри бурбон виски, 90 литри шкотско виски, 30 литри шампањ и вотка. Ова го набавуваат како продолжеток на досегашните милионски набавки на школки, шкампи, лигњи, октоподи и друга морска храна, но и апетисани, фстаци, лешници и бадеми“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Лицемерите од СДСМ бараат граѓаните да донираат пари, а владата потоа набавува скапа храна и пијалоци за себе. Македонија поради нивната неспособност и неодговорност е рекордер во регионот по смртност од корона вирусот, а здравствените работници немаат доволно маски, ракавици и медицинска опрема.

Во првите 3 месеци од оваа година веќе имаат создадено долг од нови 120 милиони евра, односно 250 евра за секое семејство. Стопанските субјекти се затвораат, а илјадници работници останаа без егзистенција, но важно власта на Заев набавила октоподи, бурбони, фстаци и лигњи за себе.

Секој денар во справувањето со економската и здравствената криза е неопходен и затоа мора веднаш да ја откажат оваа набавка, за да може средствата да завршат онаму кај што е најнеопходно, во здравството и стопанството“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му