ВМРО-ДПМНЕ сака да го забошоти инцидентот во Пробиштип

Од:

Една од повредените во синоќешниот инцидент во Пробиштип е пренесена во болницата во Штип со скршена нога. Повреденото девојче по укажаната помош во мединцискиот центар во Пробиштип е пуштено на домашно лекување. Денеска советниците од опозицијата демонстративно ја напуштија седницата на советот бидејќи мнозинството и градоначалникот не сакаа да расправаат за синоќешниот настан кој беше осуден од целата македонска јавност.

Синоќа на протестот на опозицијата во Пробиштип, близок човек на градоачалникот на Пробиштип, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, Синиша Тимов познат како Суљо со Сеат Кордоба, влетал во групата луѓе кои протестираа против власта.

Со возилото повредил неколкумина, а едно девојче и жена беа пренесени во болницата.

Револтираните граѓани се собраа пред општинската зграда и бараа да разговараат со градоначалникот, бидејќи тврдеа дека добро му е познат насилникот, бидејќи, според граѓаните сите бизниси, првиот човек на општината ги водел преку него.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски