ВМРО-ДПМНЕ: Рекламирањето на Си-Ен-Ен и Би-Би-Си донесе голем бенефит на државата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на одлуката на Владата на Република Македонија да го прекине рекламирањето на државата на Си-Ен-Ен и Би-Би-Си.

„Владата предводена од СДС не е реформска, туку антиреформска. Единствените проекти на Владата на СДС се укинувањата, блокирањата и најавите за уривање. Владата на СДС го прекина и емитувањето на Владини реклами на еминентните светски телевизии CNN и BBC, кои донесоа голем бенефит за државата.

Владиното рекламирање во овие реномирани медиумски куќи позитивно ја презентираше Република Македонија и ги запозна мегународните инвеститори со бизнис можностите кои ги нуди Република Македонија. Владиното рекламирање во овие еминетни медиуми го зголеми и бројот на странски туристи во Република Македонија, па така од некогашните 442.845 ноќевања во 2006 година, во 2015 бројката на странски туристи кои оствариле ноќевање во Републука Македонија изнесува 1.036.383.

Емитувањето на Владините реклами и промоцијата на Република Македонија одеше под уставното име на државата промовирајќи ги највисоките национални интереси. Со укинувањето на рекламите, СДС го тргнува и промовирањето на името Македонија од светските медиуми во позитивен контекст.

Наместо антиреформи граѓаните од СДС очекуваат минимална плата од 16.000 денари, просечна плата од 30.000 денари,а лекарите очекуваат плата од 100.000 денари , граѓаните ги чекаат и новите 500 километри автопат кои СДС им ги вети“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски