ВМРО-ДПМНЕ: Разрешувањето на Стојчев е димна завеса за вистинските криминали

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагира на соопштението на СДСМ во врска со разрешувањето на Боро Стојчев.

„Разрешувањето на Боро Стојчев е димна завеса за вистинските криминали и нивните извршители кои се наоѓаат во врвот на власта.

СДСМ е партија, водена од Зоран Заев – човек за кој постои снимен видео материјал како бара мито од 200.000 евра, за да заврши работа, која со закон е должен да ја изврши.

СДСМ стана синоним за криминал, злоупотреба на власта и корупција. Врвот на картелот е носител на целиот криминал и коруптивно однесување во државата.

Доколку СДСМ навистина се бори против криминалот, тогаш треба да поведе истраги за криминалните тендери во РЕК Битола каде камиони со трумички таблици кои се поврзуваат со кланот Заеви го врши транспортот, да даде одговор како фирмите на Анѓушев кога истиот е Вицепремиер добија тендер во висина од 2.6 милиони евра од државанат АД ЕЛЕМ, граѓаните очекуваат истраги и за сомнителниот милионски тендер за набавка на 40 возила за потребите на МВР. Ова се вистинските криминали за кои јавноста очекува одговори и истраги. Се друго е замачкување очи.

СДСМ повеќе од година дена покажа дека нема капацитет да се справи со вистинскиот криминал кој се наоѓа во нивните редови. СДСМ ја зароби државата и правосудниот систем. Оваа недоследно применување на законите мора да запре. Одговорност мора да има за сите кои го прекршиле законот“ реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место