ВМРО-ДПМНЕ: Разбираме што е целта на Марјанчо Николов

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на прес конференцијата на Марјанчо Николов од СДСМ кој рече дека компаниите се гушат во неликвидност.

„СДСМ нема идеи. Резултат на ваквата безидејност се празните прес конференции кој буквално ги повторуваат на секои два дена. Ги употребуваат истите зборови, истите фрази. Тоа е очајно.

Разбираме која е крајната цел на јавниот настап на Марјанчо Николов. Тој денес сакаше, исто како и последниот пат кога одржа прес конференција да го намали значењето на фактот што сто милиони евра обезбедени од Европската инвестициска банка се ставаат на располагање на компаниите. Тоа е директна помош за зголемување на ликвидноста на компаниите.

Тоа ќе бидат вкупно 250 милиони евра заедно со оние 150 милиони евра што се користеа во претходните две години. Парите се со субвенционирана камата која нема да биде повисока од 5,5 проценти. Вредно е да се спомене дека СДСМ во сите години додека беше на власт не обезбеди ниту 10% од сумата која сега Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја дава за поддршка на стопанството.

ВМРО-ДПМНЕ ги разбира проблемите на стопанството и затоа активно работи за нивно надминување. СДСМ наместо критика треба да смогне сили и да го поздрави фактот што Владата и во услови на Светска и Европска должничка криза обезбедува цели 250 милиони евра кои им се ставени на располагање на фирмите во Македонија. А за тоа како Владата се справува со кризата говори фактот што Македонија е единствена земја со непроменет ДДВ.

25 од 27 земји членки на Унијата го зголемија данокот на додадена вредност, ги замрзнаа платите, отпуштаа административци. Ја зголемија старосната граница за пензионирање на 67, па дури и 68 години. Од регионот највисок ДДВ плаќаат граѓаните во Хрватска – 25%. Грција 23%, Словенија, Бугарија и Албанија 20%.

Во Македонија стандардната стапка на ДДВ изнесува 18%, кај некои производи 5%, додека кај придонесите, стапката исто така остана непроменета од 10%. Е токму поради ваквите факти и немањето на капацитет да предлагаат квалитетни идеи и предлози, СДСМ е безидејна“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски