ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски е исплашен затоа што е фатен во криминал

Од:

„Генералниот секретар на владата е исплашен затоа што е фатен во криминал. Драги Рашковски и треба да биде исплашен бидејќи хаосот што тој и СДС го креираат еден ден ќе заврши. Кога оваа неспособна гарнитура ќе си замине од власт, правната држава ќе се врати и секој ќе одговара за незаконските дејствија што ги сторил. Тоа важи и за Рашковски и за сите оние кои му помагаат или кои го бодрат да забраздува во криминал. Кривичната пријава против Рашковски е поткрепена со бројни докази со кои Генералниот секретар ќе се соочи на суд. Секој човек различно реагира во страв, кога е соочен со одговорност за тоа што го сторил. Рашковски не е над законите и треба добро да се подготви да се соочи со доказите кога ќе биде повикан на суд, а доказите се несоборливи.

Рашковски од периодот на негово назначување за Генерален секретар до датумот на распишување на изборите, во повеќе наврати организирал именување на повеќе ВД директори од страна на владата, на лица кои не ги исполнуваат законските основи за да бидат именувани, но и именувал луѓе кои не биле писмено предложени од надлежни органи, како на пример Управен Одбор, за позициите за кои тоа било потребно.

Со незаконското поставување на директори, на лица кои не ги исполнуваат законските услови во опасност се става нормалното функционирање на институциите, загрозени се граѓаните и е ставен во опасност буџетот на државата“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите