ВМРО-ДПМНЕ: Работата на владата во првите четири месеци ја одбележа нула транспарентност и ни малку отчетност

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагираше на денешната прес-конференција на министерот Роберт Поповски.

„Многу лаги, ниедна вистина, ова е описот за денешната прес конференција на министерот за пропаганда на владата на СДС, Роберт Поповски.

СДС е во паника која најдобро се гледа во лицемерието на нивниот пропагандист Роберт Поповски кој говори за политички притисоци додека Заев и Оливер Спасовски ги злоупотребуваат институциите за политички монтиран прогон и обид да ги заплашат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ.

Работата на владата во првите четири месеци ја одбележа нула транспарентност и ни малку отчетност.

Владата на Заев без срам се обиде да сокрие од јавноста 10 смртни случаи на новороденчиња во неколку болници низ Република Македонија.

Владата на Заев крајно нетранспарентно и без никакво објаснување за граѓаните ја задолжи Република Македонија за над 250 милиони евра, а од државните девизни резерви стопи 177 милиони евра, без граѓаните да знаат на што се потрошени парите кои сите ние заедно треба да ги враќаме.

Владата на Заев беше крајно нетранспарентна и за време на склучувањето на договорот со Бугарија, во кој Република Македонија и нејзините граѓани се оштетена страна во повеќе точки од истиот.

Единствен проект на Роберт Поповски изминатиов период е вдомување на претставниците на таканаречениот граѓански сектор во владата.

Граѓаните сеуште немаат одговор на која работна позиција се поставени Бубо Каров, Бојаровски, Марјан Забрчанец и други кои до сега примаа огромни суми на пари од Соросовите невладини организации, а сега се плаќаат од парите на граѓаните.

Граѓаните не се должни да ги плаќаат шарените револуционири кои со месеци го уништуваа државниот имот, а сега се задолжени за медиумска пропаганда на СДС“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ