ВМРО-ДПМНЕ: Промените не можат да ги запрат, по изборите ќе одговараат сите со се Пендаровски, Ковачевски, Зечевиќ и Муслиу

Од:

Стево Пендаровски, Димитар Ковачевски и Миле Зечевиќ му ја ставиле на располагање Агенцијата за разузнавање водена од Еролд Муслиу, на Асаф Еисин, за каде имаме сомнение дека се фалсификувале документи против ВМРО-ДПМНЕ, а кои се објавуваат во јавност, како наводна вистина. Главен нарачател е Пендаровски и Ковачевски, а Зечевиќ е посредникот преку кого одат исплатите. Јавно прашуваме како се исплаќа Асаф Еисин, дали во кеш и дали за тоа се користат парите стекнати преку тендерите во РЕК Битола, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Асаф Еисин е припадник на групата на Тал Ханан, која е предмет на истраги ширум светот за мешање во изборни процеси, местење и фалсификување. Од Франција до Африка и од Латинска Америка до Индонезија. СДС влегле во врска со белосветски мешетари, околу кои се повеќе се стеснува обрачот. И Асаф Еисин и Пендаровски, Ковалевски и Зечевиќ треба да знаат дека ќе одговараат и во Македонија за сите конструкции и криминали кои ги направиле и ги прават. Никој не може да ги запре промените. Македонија повторно ќе биде на народот. Промените се во рацете на граѓаните – нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми