ВМРО-ДПМНЕ: Промената на името, Уставот, идентитетот, јазикот и откажувањето од се што е македонско само за СДСМ е добра вест

Од:

„Промената на името, Уставот, идентитетот, јазикот и откажувањето од се што е македонско само за СДСМ е добра вест. Доколку поради СДСМ, Македонија успеала каде е прославата?

Заев по кој знае кој пат ги излажа граѓаните на Република Македонија. Колнејќи се во своите предци и идни поколенија вети дека нема да го промени Уставот, идентитетот и јазикот. Се колнеше и повторно излажа. Договорот за промена на името кој го потпишаа Заев и Димитров со Грција е штетен и капитулантски. Со овој договор владата на СДСМ и Заев ја запечатуваат судбината на државата и го менуваат името на Македонија засекогаш. Со ваквиот договор Заев го понижи македонскиот народ и го стави во подредена положба.

Портите на ЕУ и НАТО, ќе останат затворени се додека криминалниот каретел е на власт. Во ЕУ и НАТО нема место за корумпирани политичари, аболицирани, амнестирани, ослободени од партиското судство. Во ЕУ и НАТО нема простор за држави чија економија е девастирана со корупција, а се богатат само фирмите на картелот на власт. Во ЕУ и НАТО нема место за здравствен и образовен систем кој тоне.

На Македонија и се потребни вистински реформи, на граѓаните им се потребни дела, а не празни флоскули и капитулации на сите страни. За сето ова да се случи Заев и актуелните функционери на СДСМ мора што поскоро да заминат во политичка пензија. Само така Македонија ќе победи“ велат од ВМРО-ДПМНЕ,

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место