ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во 13 општини

Од:

Дебарца од денеска има градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ. Вака Илија Димовски ги соопшти резулатите во второто јавување вечерва.

Според Димовски, кандидатите за градоначалник на владеачката партија се избрани во Делчево, Берово, Богданци, во Ѓорче Петров повторно Сокол Митровски, во Кавадарци Александар Панов е повторно избран, и во општина Бутел, Петре Латиновски доби втор мандат.

Претходно ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Чешиново, Старо Нагоричане Јагуновце, Ресен, Лозово и Карбинци. Според ВМРО-ДПМНЕ водството е убедливо во Битола, Велес и Кочани пред кандидатите на Сојузот за иднина.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември