ВМРО-ДПМНЕ: Проектот за изградба на училиште во Хром е предвиден во програмата на Сокол Митревски

Од:

Проектот за изградба на училиште во населбата Хром е предвиден во програмата на Сокол Митревски, која е веќе излезена и промовирана, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на Александар Наумовски, кандидат за градоначалник од „Созјузот на иднината“.

Според соопштението, кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, Митревски во програмата имал рок за реализација до декември 2013 година.

– Во досегашното работење актуелниот градоначалник Сокол Митревски има решено голем дел од инфраструктурните и комунални проблеми на општина Ѓорче Петров, стои во реакцијата.

Актуелниот градоначалник Митревски, како што е наведено, во изминатиот период ги реновирал основните училишта и детските градинки, изградени се два кружни тека, кои значително го растеретија сообраќајот во оваа општина, како и асфалтирање на голем број улици и реновирани тротоарите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија