ВМРО-ДПМНЕ: Приватните партиски забави на ДУИ од министерството на Груби се преселија во Собранието, а од денеска во Владата

Од:

СДС и ДУИ од изборот на Талат Џафери во Собранието направија приватна партиска журка на државен трошок, со злоупотреба на ложата во собраниската сала како и просториите на македонскиот парламентарен дом, а секако не изостана и злоупотребата на службените возила, се’ тоа платено од народните пари, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

„Вчера беше јасно дека приватните забави на Груби со пајташите од ДУИ од канцелариите во министерството, вчера се префрлија во Собранието, а од денеска веројатно ќе снимаат журки во Влада. СДС коишто ја подарија државата за уште неколку дена да задржат три фотелји, со денови се храбреа дека нема да гласаат за владата, за потоа беспоговорно да се нацртаат за Талат Џафери.

Нив овие девијации и злоупотреби не ги засегаат, исто како и злоупотребите на Собранието и на Владата, се додека ДУИ им овозможува уште неколку дена криминал. Со право народот вели дека повеќе немаме држава. Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми