ВМРО-ДПМНЕ: Притворот се користи како средство за притисок и казна

Од:

„Во интерес на демократијата и владеењето на правото, судовите не треба да бидат соизвршители на политички монтираниот случај за тероризам против десетици граѓани во врска со настаните од 27-ми април.

Судската власт треба да биде гарант на законитоста во кривичните постапки, а не алатка во процесот на политичка пресметка. Апсурдноста на делото кои им се става на товар на десетици македонски патриоти е вон секоја правна логика. Целиот процес е конструкција и не и служи на правдата, туку на политиката.

Судот како орган кој ја донесува одлуката, не смее да остане нем на прекршувањата во постапката кои ги нотираше Народниот правобранител. Судот не смее да ги занемари ни фактите дека притворените се лишени од основните права кои им се гарантираат со закон, како што неколкукратно информираа медиумите.

Притворот се користи како средство за притисок и казна, а целиот правосуден систем е ставен во погон за монтирање случаи за пресметка со политички неистомисленици.

Македонските граѓани се лишени од основните човекови права.

Република Македонија во 21 век ја живее новата инквизиција. Декларативните заложби на власта за демократизација и владеење на правото, се само празни флоскули, кои го затскриваат кршењето на законите, Уставот и меѓународните конвенции.

Република Македонија нема да тргне ни чекор кон ЕУ и НАТО се додека институциите се користат за пресметка со политичкиот противник. Институциите мора да станат чувар на законитоста и стожер на државата.

Практиката на злоупотреба на институциите мора да запре во интерес на државата и нејзината иднина. Демократијата и правната држава се право на граѓаните и тоа право не смее да им биде скратено. Невините и неправедно притворени мора да бидат ослободени“ велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивото соопштение.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ