ВМРО-ДПМНЕ: Приоритет на идната наша влада ќе биде проширување на позитивната листа на бесплатни лекови, инвестирање во медицинскиот кадар, нов Клинички во Штип и Скопје

Од:

Приоритет на идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде проширување на позитивната листа на бесплатни лекови, која постојано ќе се ажурира, затоа што граѓаните заслужуваат најдобра услуга. Платформата за здравствената иднина предвидува комплетна трансформација на здравството и спроведување на регионализација што е предуслов за добивање на квалитетни здравствени услуги, затоа идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на стратегија за регионализација на болниците. Штипскиот клинички центар ќе биде една од тие регионални болници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе имплементира Национална стратегија која ќе предвидува нов начин на водење на кадровска политика, преку современа и континуирана медицинска едукација, но и современа инфраструктура. Довербата во здравствениот систем мора да биде вратена. Граѓаните мора да имаат квалитетна здравствена заштита и систем – соопштија од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми