ВМРО-ДПМНЕ: Пријавите против Митовски покажуваат дека тој не е жртва, туку локален шериф кој тепа граѓани

Од:

На СДС општините му служат како терен на кој нивните градоначалници изигруваат локални шерифи кои ја злоупотребуваат службата, прекршуваат закони, а одат до таму да тепаат и граѓани. Класичен пример на ваков локален шериф е градоначалникот на СДС во Крива Паланка, Сашко Митовски. Митовски зад себе има неколку кривични пријави како за злоупотреба на службената должност, така и судска пресуда за тепање на свој сограѓанин, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Првиот случај во кој Митовски ја злоупотребил службената положба е тој што како градоначалник, иако не требало, спротивно на Закон потпишал одобрение за градба како важечко и покрај тоа што ниту било извршено надзор, ниту пак контрола.

Следен случај во кој Митовски го прекршил законот и ја злоупотребил службената положба и овластување е кога спротивно на законските норми се изготвило решение за поставување на урбана опрема, поднесена од правно лице, односно угостителски објект – кафуле, чиј сопственик и управител е токму неговиот брат, Милан Митовски.

За овој случај, покрај за Митовски има кривична пријава за уште три други лица, кои, веројатно, по негова насока го одобриле барањето за поставување на урбана опрема, од кафулето во сопственост на неговиот брат.

Дивеењето и шерифлукот на Митовски не завршува тука. Тој во видна алкохолизирана состојба физички нападна граѓанин и за тоа и судска пресуда. Од сето ова кое е резултат на шерифскиот однос на Митовски во Крива Паланка, во никој случај не може да смета како политички прогон. Кривичните пријави против Митовски се резултат на неговото дивеење и на прекршувањето на законите.

Можеби функционерите на СДС се навикнати државата и општините да ги сметаат за нивни приватни бизниси во кои можат да прават што сакаат. Тоа време заврши и секој кој се огрешил ќе одговара. Наместо да се жалат и да глумат жртви на политички прогон, кој го нема, Митовски и на него сличните, прво да им се извинат на граѓаните за нивниот шерифски однос, па да почнат, во останатите неколку месеци од мандатот, да работат по закон и во интерес на граѓаните, наместо во сопствен, партиски или семеен интерес. Затоа што Митовски добро знае дека за многу брзо од денес, ќе ги загуби изборите, бидејќи на граѓаните на Крива Паланка им е доста од градоначалник кој ги тепа своите сограѓани и работи, исклучиво во сопствен или во интерес на неговата фамилија. На граѓаните на Крива Паланка им е потребна промена, а таа промена, за неколку месеци од денес, ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ со својот кандидат кој ќе работи во интерес на градот и граѓаните, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Братот на Диме Велковски се офајди од добиените пари од Еразмус +

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на Зоран Заев и Лидија Димова од Еразмус+, Фрчкоски добил грант вреден 200 илјади евра

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС и Заев преку Агенцијата Еразмус купуваа судии, 120 илјади евра префрлени на невладина во сопственост на Лазар Нанев