ВМРО-ДПМНЕ: Поврзаноста и блискоста со власта од јавна тајна, стана пишан услов за добивање на грант од институциите водени од СДС

Од:

Поврзаноста и блискоста со власта од јавна тајна, стана пишан услов за добивање на грант од институциите водени од СДС. ФИТР објави скандалозен повик за доделување на грант, каде главен услов е апликантите да бидат признати и во добра состојба со соодветните власти на Република Македонија, изјавија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

– И по 24 часа наместо оставка од директорот на ФИТР, има молк од институцијата. А молчи и Ковачевски. Наместо да се кријат и директорот на ФИТР и Ковачевски да кажат кој е тој документ со кој се докажува блискоста со власта? Дали тоа е партиска препорака добиена од ОО или пак партиска донација кон СДС или ДУИ? Скандалозно и неприфатливо е што наместо одговорност има молк. Бараме огласот веднаш да биде повлечен. И оставка од директорот на ФИТР, ваквата груба партизација мора да запре. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме – истакнаа од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ