ВМРО-ДПМНЕ: После секој пакет мерки на власта на СДС и ДУИ народот е посиромашен

Од:

После секој пакет мерки кои ги носи владата на ДУИ и СДС народот е се посиромашен, економијата подевастирана, а државата се позадолжена. И овој како и претходните пакети мерки не е ништо друго освен евтин предизборен поткуп. Самиот факт што власта на ДУИ и СДС не нуди системски решенија, туку дава трошки на народот со еднократни исплати или во рок од неколку месеци, кои по правило се совпаѓаат со изборни циклуси, говори за капацитетите на власта за водење одржливи економски политики, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека даваат по милиони евра за ним блиските компании на сомнителни тендери, на пензионерите им даваат по илјада денари во пресрет на изборите, за после истите тие пари да им ги земат преку поскапите лекови, поскапувањата на електричната енергија или преку поскапувањето на ДДВ за основните прехранбени производи. Тоа е лицемерието на оваа власт.

Ваквиот потценувачки однос на власта кон својот народ не е само кон пензионерите како категорија на граѓани, кои за прв пат во историјата излегоа на протести заради влошениот стандард. Ваквиот однос го гледаме и кон студентите, кон социјалните случаи, кон семејствата со тешко болни лица, кон вработените во администрацијата итн.

Заради лошите политики на оваа власт во Македонија скоро 600 илјади граѓани живеат на раб на сиромаштија, 80 илјади живеат во екстремна сиромаштија, во последните пет години сме се задолжиле со речиси 4,8 милијарди евра а резултати нема, имаме најмал раст на економијата во регионот и имаме привлечено најмалку странски инвестиции исто така. Криминалот и корупцијата на оваа власт ги изеде парите и стандардот во Македонија“ се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

Андоновска: СДС нема иднина се додека Филипче е на чело на партијата

А1он

Јаревски: Стевчо Јакимовски е алиби мајстор кој се плаши од ревизија бидејќи е свесен дека ќе излезат на виделина злоупотребите што ги правел

ВМРО-ДПМНЕ: Стевчо Јакимовски сака да го бетонизира Влае

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Николоски од Брвеница: Со градоначалникот Илиевски ја развиваме Брвеница, опонентите се нервозни, ветуваме специјален буџет за нови проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Али Експрес левичарите си измислуваат приказни во кои само тие си веруваат