ВМРО-ДПМНЕ: Поскапувањата не зависат од Груевски

Од:

Цените на енргенсите, на нафта и на струјата, не зависат од Владата или од домашните услови во економијата, туку од ценовните движења на светските берзи, одговара ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на социјалдемократите, кои сметаат дека поскапувањата се резултат на погрешната владина политика.

Нека посочи Георгиев во која држава во Европа не се покачуваат и менуваат цените на енергенсите, а особено нафтата. Очекуваме некој од СДСМ конечно да собере храброст и да ги праша Бранко Црвенковски, Радмила Шекеринска, Никола Поповски зошто го продадоа ЕСМ на ЕВН? Зошто дозволија монополот од рацете на државата да отиде во приватна компанија и и ја одземаа можноста на државата да има глас во одредувањето на цените – велат од владејачката партија.

ВМРО-ДПМНЕ го праша Георгиев зошто денеска во Кавадарци одбегнал да зборува за субвенциите во земјоделството што ги обезбедува Владата, особено, како што нагласи, откако стана јасно дека и неговиот татко е корисник на тие субвенции.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ