ВМРО-ДПМНЕ: Поради попустливите политики на владата на СДС и Ковачевски, денеска престанува важноста на личните документи, а Спасовски пред заминување не обезбедил обрасци

Од:

Владата на СДС и Димитар Ковачевски свесно создадоа хаос со промена на патните исправи. Првото понижување владата на СДС и Ковачевски го направи со промена на уставното име. Потоа, со промената на личните документи, а сега и со тоа што Република Грција го информира светот дека патните исправи на граѓаните од Македонија од 12 февруари се неважечки. Грција буквално слави победа над Македонија, а Ковачевски збор не изустува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Каде е сега Ковачевски да зборува за проевропски вредности и принципи? Ова ли е таа проевропска вредност? Па во која друга земја од Европската унија се случува ова кое што се случува во Македонија и тоа само поради попустливите политики на владата на СДС и Ковачевски? Владата на СДС и Ковачевски ја понижија државата и граѓаните каде стигнат.

Ова ли е проевропска вредност, да ги малтретираат сопствените граѓани да си ги менуваат патните исправи и да им создаваш дополнителни трошоци? Дополнително, вина за ваквата состојба има и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој свесно ја остава МВР без обрасци, за народот да се револтира.
Кога ВМРО-ДПМНЕ информираше дека недостасуваат обрасци, Спасовски и Ковачевски не обвинува дека манипулираме со јавноста, за денеска да се испостави дека единствени што лажат и манипулираат се токму тие од СДС. Мора да се стави на овој хаос. Колку побрзо заминат СДС и ДУИ, толку подобро.Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми