ВМРО-ДПМНЕ: Поради неодговорноста на власта децата во домовите живеат под константен страв и се изложени на трауми

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на министерката Мила Царовска.

„Мила Царовска и Зоран Заев ја зацрнија државата. Под палката на Царовска се случија неколку силувања во домовите за деца, а одговорност немаше, ниту од Царовска, ниту од Заев.

Поради неодговорноста на власта децата во домовите живеат под константен страв и се изложени на трауми.

Две години СДСМ нема преземено ништо во насока на заштита на жените од насилство. Наместо инвестирање во социјална грижа и спречување на насилството, власта инвестираше 1.6 милиони евра за лубриканти.

Царовска нема преземено ништо конкретно, туку само чека официјални настани да се фали со тоа што ЌЕ преземе, што потоа никогаш не се реализира.

Црнилата на оваа власт се присутни во секој сегмент. Токму затоа СДСМ треба да си замине“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери