ВМРО-ДПМНЕ: Покажавме дека со општините може да се управува без афери, без криминал и злоупотреба на народни пари

Од:

ВМРО-ДПМНЕ за четири години локална власт покажа дека општините може да се управуваат без афери, без криминал и злоупотреба на народни пари. На крајот на четвртата година од претходните локални избори кои се одржаа во 2021 годината, 42 градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека можат да управуваат со општините европски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Оттука, ВМРО-ДПМНЕ сериозно се подготвува за претстојните локални избори закажани за 19 октомври. Целта е како што вели и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски да се постигне историски резултат по кој само посилно ќе се продолжи со работа на веќе почнатата реформска агенда. Со историска победа само ќе продолжи периодот на реформи и обнова на сите локални самоуправи во Македонија, ќе продолжи периодот на креирање на дополнителна функционалност на општините. За досегашната реформска агенда кажуваат бројките на реализирани проекти. Во периодот од 4 години се изградија и реконструираа улици и патишта во вкупна должина од над 770 километри во што се вложени околу 100 милиони евра. Направени се скоро 47 илјади метри нови водоводи, а канализации во должина од над 91 илјади метри. Со цел модернизација на општините изградени или во завршна фаза се седум пазари од затворен тип како оној во Штип, Велес, Радовиш. Направени се инвестиции за најмладите, реконструирани и модернизирани се околу 400 училишта низ Македонија, а завршени или во завршна фаза се околу 280 спортски игралишта и детски рекреативни терени. На голем број училишта се поставени фотоволтаици, а во голем број на општини обезбедена е бесплатна храна за децата од прво до петто одделение. И ова е се само дел од сработеното за четири години. По историската победа која се очекува оваа есен, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи само со уште позасилено темпо на реализација на проекти кои го подобруваат квалитетот на животот на секој граѓанин. Довербата од граѓаните е силата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Маја Мојсова да каже – дали ќе повика да се гласа за Стевчо Јакимовски во втор круг?

А1он

Мицкоски: Тројната оска СДСМ-ДУИ-Левица функционира затоа што власта им е помила од се во животот

Ружински: Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче вчера вика судството било професионално, а Марковски за криминал од 100 милиони добива само куќен притвор

Стаменкоска Трајкоска: Во изминатите четири години во Кисела Вода се работеше за народот, така и ќе продолжиме