А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ поднесе дополнување на Законот за водостопанство

by А1он11/07/2017 - 16:2093
Share0

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ денеска во Собранието поднесоа Предлог на закон за дополнување на Законот за водостопанство.

Добивај вести на вибер

Граѓаните до пратениците посочиле проблем резултат на формирањето на АД Водостопанство на Република Македонија, Скопје.

Никола Мицевски на прес-конференција појасни дека одредени земјоделци формирале водни заедници со сопствени средства и изградиле системи и оти постојниот Закон за водостопанство предвидува овие приватни здружени водокорисници односно нивниот имот и опрема да бидат преземени и со нив да стопанисува АД Водостопанство на Република Македонија, Скопје.

– Оттука, овие дополнувања на Законот за водостопанство предвидуваат да не се врши преземање на овие правни субјекти, туку да склучат договор за размена на податоци и други услуги во интерес на водостопанството, рече Мицевски.

Предлог-законот за дополнување на Законот за водостопанство кој што има за цел АД Водостопанство на Република Македонија, Скопје да не ги преземе и да не стопанисува со системите за наводнување кои се на опфат не помалку од 50 хектари и со не помалку од 100 водокорисници или сопственици на земјоделско земјиште и се наоѓаат на приватно земјоделско земјиште, а се изградени со сопствени средства на корисниците здружени во земјоделски задруги или други правни субјекти, за кои има целосна проектна документација, решение за водостопанска согласност и одобрение за градење на системите.

– Сметаме дека со овие дополнувања на Законот за водостопанство ќе допринесеме за заштита на сите земјоделци кои се решиле да се организираат во земјоделски задруги односно во случајот во водни заедници која што сопственост на опрема, системот е целосно приватна и истовремено сметаме дека ова ќе значи поттикнување за кревање на свеста кај земјоделците за здружување во земјоделски заедници кои претставуваат позитивни примери во повеќето европски земји, рече Мицевски.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:19

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 12:4822/02/2026 - 13:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен