ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката на СДС и ДУИ за Коцевски ги фрла во вода сите нивни прес-конференции за Кочани

Од:

СДС и ДУИ повторно заедно, иако во одредени моменти се обидуваа да глумат раскарани, тие всушност биле во постојана комуникација и координација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа се виде и пред неколку дена во македонското Собрание, кога паднаа маските, а СДС и ДУИ здружно застанаа зад Љупчо Коцевски. Да, тоа е и истиот оној Коцевски, главен јавен обвинител од кого СДС и ДУИ, наводно, не беа задоволни.

За што испратија голем број соопштенија и одржаа прес-конференции во кои искажуваа незадоволство од водењето истраги и обвинуваа за селективност, посебно за истрагата за случајот Кочани. И кога дојде ред во Собрание да му се изгласа недоверба на Коцевски, СДС и ДУИ му пуштија гума за спасување. Негласањето на пратениците на СДС и ДУИ за интерпелацијата за Коцевски, ги фрла во вода сите нивни соопштенија и прес-конференции и ја потврдува тезата дека, за нив, Кочани било само тема за профитирање политички поени, медиумско внимание и нивно јавно појавување.

Глумењето незадоволство од истрагата, обвинувањата за селективност, хушкањето за трагедијата, очигледно не биле за правда. После ова веќе нема да имаат кредибилитет јавно да прашуваат и да повикуваат на одговорност, зошто одговорите ги има Коцевски, кој по гласањето во Собрание, се виде дека е нивен. Затоа и се држат за некако како за сламка за спас. Тие го спасуваат Коцевски и не гласаат за интерпелацијата против него, за тој да продолжи како и до сега, да ги спасува од кривична одговорност криминалците од СДС и ДУИ. Сега на сите ни стана јасно, зошто и после година дена во опозиција ниту еден од СДС и ДУИ кои се огрешиле пред законите, и за дел од кои јавно објавивме и афери за сторени криминали и корупција, нема никакво обвинение или пак истрага. Тие сè уште се на слобода, без никаква постапка против нив, а Коцевски сè уште седи на столчето главен јавен обвинител. Со тоа само дополнително се потврдува тезата дека СДС и ДУИ се сламката за спас на Коцевски, а Коцевски е сламката за спас и заштита на криминалите на Филипче, Заев и секако Али. Коцевски без легитимитет веќе не може да биде јавен обвинител, затоа го повикуваме, наместо да се однесува како ништо да не се случило и да шета по истражни центри низ државата, да си поднесе неотповиклива оставка, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер