ВМРО-ДПМНЕ победи во Вевчани, Демир Капија, Дојран и Македонска Каменица

Од:

Македонска Каменица, Вевчани, Демир Капија и Дојран се општините во кои ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во однос на изборот на градоначалници уште во првиот круг на локалните избори што се одржаа денеска.

Како што изјави на прес-конференцијата во Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ директорот на Центарот за комуникации Илија Димовски според првично обработените податоци кои ги покажуваат тенденциите во однос на резултатите од гласањето дека нивниот кандидат во Битола води со 5.600 наспроти 3.700 гласови од кандидатот од опозицијата.

Во Росоман соодносот според освоените гласови во моментов е 2:1, општина Илинден, како што вели, очекувано водат со 3:1, и во Петровец нивниот кандидат за градоначалник води 2:1 во однос на кандидатот на опозицијата.

Наскоро најавена е нова прес-конференција на која се очекуваат детали во врска со првични резултати од гласањето за градоначалници и во другите општини, согласно податоците кои пристигнуваат во изборниот штаб.

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември